Ѓоковиќ од утре повторно ќе биде прв светски рекет

Гренд слем титулата број 17 го враќа Новак Ѓоковиќ на врвот на АТП листата која официјално утре ќе биде објавена. Со триумфот над Доминик Тим во големото финале во Мелбурн, српскиот тенисер ги одбрани бодовите и ќе ја преземе првата позиција од Рафаел Надал која ја загуби на крајот од минатата година.

Ѓоковиќ на првото место ќе стои со 9.720 бода, додека Надал остана без 840 бода со поразот во полуфиналето на првиот овосезонски Гренд слем, па ќе има 9.395 бода.

Роџер Федерер останува на третото место со 7.13 бода, додека четврти најдобар тенисер сега е токму поразениот во финалето Доминик Тим, кој собра 1.155 бода со пласманот до мечот за титула, односно има 7.045 бода.

- Оглас -

Најнови вести