Ѓоковиќ оди на хет-трик против Шаповалов, а потоа на ред е Иснер

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во второто коло на Мастерсот во Шангај треба да игра со Денис Шаповалов, а веќе го дозна и својот ривал за третата рунда, ако го мине Шаповалов.

Доколку Србинот го победи Канаѓанецот роден во Израел, наредна пречка на патот до одбрана на титулата ќе му биде ветеранот Џон Иснер. Американецот е познат по силниот сервис и добрата игра на мрежа, па Ноле веројатно ќе го чека малку подолг меч. Иснер ретко губи гејмови на свој сервис и речиси редовно игра тај-брејкови.

За да дојде до дуел со Иснер, Ѓоковиќ прво мора да го совлада Шаповалов, кој е 36-ти на АТП-листата. Тие двајца се сретнале двапати и двапати победил Србинот, и тоа оваа година. Најпрвин на Отвореното првенство на Австралија на тврда подлога со 3-1 во сетови, а потоа на Мастерсот во Рим на земјена подлога со 2-0 со сетови.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести