Денеска на Ролан Гарос се двата полуфинални дуели во машка конкуренција, а посебно во фокусот е пресметката меѓу Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ. Италијанскиот тенисер е најдобар во моментов и одреден период доминира, но овојпат против себе го има најтрофејниот на сите времиња, Ѓоковиќ кој е рекордер со 24 гренд-слем титули.
Овие двајца тенисери досега имаат одиграно 10 меча, а резултатот е израмнет и имаат по пет победи. Сепак, во последно време Синер е тој што доминира, па Италијанецот има четири триумфи во низа против Ѓоковиќ. Иако младоста и формата е на негова страна, Синер знае дека треба добро да биде подготвен.
„Ќе морам тактички да бидам подготовен за дуелот против Ѓоковиќ. Тој покажа дека повторно е на врвно ниво. Фактот дека има освоено 24 гренд-слем турнири доволно кажува“, рече Синер.
Во борба за финале ќе играат и Лоренцо Мусети против Карлос Алкарас. На овој меч, фаворитската улога е за Шпанецот. Алкарас има пет победи по ред во пресметките со Мусети, а вкупниот биланс е 6:1 во победи, во корист на Шпанецот.