Ѓоковиќ оди на Тим во полуфиналето, Зверев се прости со засега најубавиот освоен поен (видео)

Новак Ѓоковиќ е последниот полуфиналист на завршниот АТП турнир по победата од 2-0 (6-3, 7-6) против Александер Зверев. Првиот светски рекет во полуфиналето ќе се сретне со Доминик Тим, додека втората полуфинална двојка е Медведев – Надал, дуел кој е закажан за утре.

Прилично лесно Ѓоковиќ поведе во сетови со еден освоен брејк, па Зверев потоа го подигна темпото во обид да изнуди трет одлучувачки сет. Борбата ги одведе до тајбрејк, во кој Ѓоковиќ се врати од 0-2 и го освои со 7-4.

За Саша заврши турнирот, но ќе го памети освоениот поен кој засега може да се прогласи како најубав во Лондон.

- Оглас -

Најнови вести