Ѓоковиќ одигра „ѕверски“ јако и го победи Зверев за пласман во полуфинале на Ролан Гарос (Видео)

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос, откако со 3:1 во сетови го победи Александер Зверев. Ова беше 101 победа за Ѓоковиќ на овој гренд-слем турнир, а сега си обезбеди дуел против првиот носител и актуелен број 1 на АТП листата, Јаник Синер.

Лошо почна Ѓоковиќ против Зверев. Германецот уште на стартот направи брејк и поведе со 1:0, а потоа ја чуваше предноста за да го добие првиот сет со 6:4. Тоа беше прв изгубен сет на Ѓоковиќ годинава на Ролан Гарос.

Негативата од 1:0 во сетови како да му даде дополнителен мотив за Ѓоковиќ. Србинот заигра многу подобро и буквално доминираше во следните три сета.

Во вториот сет Ѓоковиќ беше подобар со 6:3, потоа маестрално го одигра следниот сет и го доби со 6:2, а финишот беше со добивање на четвртиот сет со 6:4, но дури откако ја искористи петата меч топка. Дуелот траеше нешто помалку од три и пол часа.

- Оглас -

Најнови вести