Ѓоковиќ одлучи да игра во Токио по сугестија на хрватската ѕвезда

Новак Ѓоковиќ ќе биде апсолутен фаворит за златниот медал на Олимписките игри во Токио, а објави дека конечната одлука ја донел по сугестијата на хрватската ѕвезда Бланка Влашиќ.

Средбата на двете големи спортски имиња била пресудна за најдобриот светски тенисер да одлучи да патува за Јапонија.

„Легендата на хрватскиот спорт Бланка Влашиќ при една средба неодамна ми рече дека никој нема да се сеќава во иднина какви биле условите и дали имало публика на олимпискиот турнир. Важно е и се памети кој освоил медали. Максимално сум мотивиран и имам голема инспирација да го одиграм најдобриот тенис и да се обидам да го освојам златото“, изјави Ѓоковиќ.

Новак долго размислуваше дали да игра во Токио, најмногу поради рестрикциите во олимпиското село поради Ковид-19, потоа и заради одлуката на Јапонците да нема публика на олимписките арени, но и порази заморот, но сепак ќе биде топ-фаворит на тенискиот турнир.

Особено и поради отсуството на неколку врвни тенисери кои се откажаа од настап на ЛОИ. На олимпискиот тениски турнир нема да играат Рафаел Надал, Роџер Федерер, Доминик Тим, Денис Шаповалов, Матео Беретини, Ник Кирјос..

Ѓоковиќ има олимписки медал, бронзен во игра на двојки, па ова ќе му биде голема шанса да го освои и медалот со најголем сјај и тоа во поединечна конкуренција.

 

- Оглас -

Најнови вести