22.8 C
Skopje
среда, 30 јули 2025

Ѓоковиќ одлучи: Ќе игра на турнир на кој никогаш не играл и веднаш може да има спектакл

Новак Ѓоковиќ доцна синоќа одлучи дека ќе игра на турнирот во Женева кој е дел од Серијата 250. Овој турнир започнува утре и ќе трае до 25 мај, а Ѓоковиќ се надева дека ќе му биде добра подлога за враќање во посакуваната форма.

„Среќен сум што се враќам на теренот. Наскоро одам во Женева. Се гледаме таму“, беше пораката од Ѓоковиќ со фотографија од тренингот во Белград.

За многумина изненадување е тоа дека Ѓоковиќ реши да игра на овој турнир на кој никогаш претходно не играл. Сепак, токму мечевите во Женева треба да му бидат генерална проба пред стартот на грендслем турнирот на Ролан Гарос.

Во првото коло Новак ќе биде слободен, а потоа може да следува спектакл, затоа што треба да игра со подобриот од дуелот Енди Мареј – Јаник Хонфман. Ако Мареј победи, по 37 пат ќе игра против Ѓоковиќ. Овие двајца тенисери се одлични пријатели, двајцата имаат по 37 години и досега имаат одиграно 36 меѓусебни дуели. Србинот е многу подобар и има 25 победи, а Мареј славел 11 пати.

Ѓоковиќ сезонава игра под своите квалитети и уште се нема израдувано на ниту еден турнир. Најголем успех му беше полуфиналето на Австралија опен.

 

- Оглас -

Најнови вести