Маратонот на Ѓоковиќ и Американците ќе трае до задутре, ждрепката за ОП на САД е во четврток од 18 часот

Новак Ѓоковиќ ќе постапи според правилата и ќе чека до задутре, до ждрепката за Отвореното првенство на САД, со надеж дека ќе добие виза за да игра на американскиот гренслем.

Ждрепката е во четврток, во 18 часот, термин до кој 21-кратниот гренслем-шампион ќе чека американска виза за настап во Њујорк.

Засега сè поверојатно е дека Новак нема да добие дозвола да игра поради тоа што не е вакциниран, иако главната служба за справување со ковид-кризата, таканаречениот Центар за болести, контрола и превенција, или ЦДЦ, донесе одлука невакцинираните да имаат ист третман при влез во САД со вакцинираните.

Ѓоковиќ е рангиран како петти носител за ждрепката, зад Медведев, Надал, Алкарас и Циципас.

Новак има три титули во Њујорк, на Флешинг Медоус, и пехарот го креваше во 2011, во 2015 и во 2018 година.

 

- Оглас -

Најнови вести