Ѓоковиќ официјално потврди дека не смее да влезе во САД, нема да игра во Индијан Велс

Иако името на Новак Ѓоковиќ се најде во ждрепката за турнирот во Индијан Велс, сепак тој вечерва потврди дека нема да биде во можност да настапи.

„Центарот за контрола и превенција на болести потврди дека нема менување на правилата за влез во САД, па нема да бидам во можност да играм таму. Им посакувам среќа на сите кои ќе играат на овие прекрасни турнири“, напиша Ѓоковиќ на „Твитер“.

Новак петпати го има освојувано турнирот во Индијан Велс, но последен пат во 2016 година.

- Оглас -

Најнови вести