Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ најави серија тениски мечеви и мини турнири на подрачјето на поранешна Југославија, но без Македонија и Словенија.
Популарната Јадранска тениска тура сигурно ќе ги посети Белград и Задар, а се најавуваат мечеви и во Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Комплетната тура би требало да се одржи од 13. јуни до 5. август, а засега е сигурно дека Ѓковиќ, Зверев, Тим, Димитров и уште неколку светски познати тениски имиња ќе играат во Белград на 13. и на 14. јуни и една седмица подоцна во Задар.
Планирано е третата станица да биде Црна Гора, каде би се играле тениски натпревари на 27. и на 28. јуни, а потоа карванот ќе се пресели во БиХ.
За трети и четврти август Ѓоковиќ планира мини турнир во Бањалука, а ден подоцна турата би завршила во Сараево со ревијален меч меѓу српскиот тенисер и босанскиот претсtавник Дамир Џумхур.
Тоа значи дека од поранешните шест југословенски републики карванот предводен од Новак нема да мине само низ Словенија и Македонија.