Ѓоковиќ остана без важен човек во тимот, долго време беа заедно!

Цели 15-тина години италијанскиот агент Едоардо Арталди беше неизоставен дел од тимот на Новак Ѓоковиќ, а сега доаѓа до крај на плодната соработка.

Арталди и неговата партнерка Елена Капеларо си заминуваат од тимот на Новак. Тие учествуваа во освојувањето на 23 од 24-те гренслем-титули. Арталди првпат го сретна Ѓоковиќ додека работеше за компанијата за спортска опрема „Серџо Такини“, а потоа стана главен за бизнис-активностите на српскиот тенисер и за комерцијалните договори.

Во јануари, во Аделаида, Новак откако загуби еден сет од Корда, ги избрка од трибина Едоардо и Елена. Но, тоа не е причина за разделбата, туку презаситеноста и заморот.

- Оглас -

Најнови вести