Ѓоковиќ остана збунет кога слушна како машки глас извика: „Ожени се за мене“… следуваше одговор

Новак Ѓоковиќ без многу проблеми се пласира во осминафиналето на Отвореното првенство на Австралија откако убедливо со 3:0 во сетови го победи Томас Махач од Чешка. Во следното коло Србинот ќе има уште еден ривал од Чешка, а тоа е Јиржи Лехечка.

И покрај победата од 3:0, на дуелот против Махач имаше еден момент кој беше загрижувачки за Ѓоковиќ. Најтрофејниот тенисер на сите времиња во еден момент од вториот сет побара медицинска помош, но потоа успеа да се врати на теренот и да победи.

„Беше многу топло. Се обидував да бидам смирен и дипломатски да се однесувам. Резултатот е изненадувачки, победа во три сета. Се обидував физички да се изборам самиот со себе, потоа успеав да ја поправам играта и сервисот добро ме служеше. Одиграв одличен меч иако во еден момент се обидував да дојдам до воздух. Имав проблеми, но тоа е, немам веќе 19 години“, рече Ѓоковиќ.

Додека даваше интервју пред навивачите, од трибините се слушна изненадувачки машки глас кој извика: „Ожени се за мене“!. Ѓоковиќ се насмевна и дипломатски му одговори.
„Извини другар, но имам жена. Може да одиме на пијачка. Можеби вие веќе сте испиле неколку пијачки“, возврати Новак со насмевка.

- Оглас -

Најнови вести