36.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Ѓоковиќ останува прв на АТП-листата, но е симнат од врвот на најважното рангирање за него

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, и покрај поразот во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија од Јаник Синер, останува на врвот на АТП-листата. Сепак, во една прилика Србинот рече дека за него многу поважна е УТР-листата, која на пократок временски рок го определува рангирањето на тенисерите, односно според нивната моментална форма.

Токму Јаник Синер сега е првопласиран на УТР-листата, кој со победата над Ѓоковиќ, но и освојувањето на Отвореното првенство на Австралија го мина Србинот на врвот. Третопласиран е Медведев, додека Алкарас е четврти.

Следниот тутнир на кој ќе настапи Новак Ѓоковиќ ќе биде Индијан Велс во САД.

- Оглас -

Најнови вести