Новак Ѓоковиќ го предаде мечот за третото место на турнирот „Шест крала“ во Ријад, Саудиска Арабија, против Тејлор Фриц, откако го загуби првиот сет во тај-брејк.
Првиот сет траеше цели 76 минути, па очигледно Србинот не можеше да го издржи ритамот и одлучи да се предаде, со што го освои четвртото место.
По мечот ѝ се обрати на публиката која дојде да го гледа во Ријад.
„Морам да им се извинам на сите. Извинете, луѓе. Извините што не го гледавте и вториот сет, но секоја чест на Тејлор, одигравме неколку одлични игри пред крајот на првиот сет и ова сигурно еден од најдобрите и најдолги сетови кои некогаш сум ги одиграл. Беше прекрасно во Ријад, ви благодарам на сите што ме пречекавте вака. Третпат сум тука во три години и се надевам дека ќе се вратам и следната година. Сега морам да се опоравам и да видам што се случува со моето тело, па да ги одиграм последните неколку турнири за оваа година.“ – рече Ѓоковиќ.