Ѓоковиќ откри дали во финалето на ЛШ ќе навива за ПСЖ или за Интер (Видео)

Француските навивачи ја начекаа српската тениска суперѕвезда Новак Ѓоковиќ во Париз и додека даваше автограми, ја искористија приликата да го прашаат за кој тим ќе навива во саботното финале на фудбалската Лига на шампиони, дали за Пари Сен Жермен или за Интер.

Новак обично дава политички одговори на вакви прашања, но овојпат беше директен и ги израдува Французите.

„За ПСЖ“, рече Новак со насмевка на лицето.

Ова не е изненадување бидејќи Новак е навивач на Милан, градскиот ривал на Интер. Денеска Ѓоковиќ во второто коло на „Ролан Гарос“ игра против Французинот Корентин Муте.

- Оглас -

Најнови вести