Ѓоковиќ откри дека го труеле во Мелбурн, а сега следуваше срамен одговор на директорот на Австралија опен

Новак Ѓоковиќ го нема меѓу главните фаворити за триумф на првиот гренд-слем турнир во 2025 година, Австралија опен, но најтрофејниот тенисер во историјата секогаш е во центарот на вниманието. Српскиот тенисер неодамна откри шокантни информации за периодот кога се наоѓаше во имиграциски притвор во Мелбурн во 2021 година. Популарниот Ноле прв пат зборуваше за тој лош период, а тогашните тестирања направени по враќањето во Белград покажале дека има високо ниво на тешки метали во крвот. имал високо ниво на олово и жива.

По овие тврдења на Ѓоковиќ, денеска со краток одговор се јави и директорот на Австралија опен, Крег Тајли. Наместо да објасни или демантира тоа што го зборува Ѓоковиќ, првиот човек на Австралија опен, реши воопшто да не даде одговор на тоа прашање.

„Нема да одговорам на тоа прашање. Едноставно не сакам да се враќам, тоа беше пред три години. Фокусирани сме само на тоа да го напрвиме овој турнир да биде сјаен“, потенцираше Тајли, а пренесе „АБЦ њуз“.

Ѓоковиќ е рекордер со 10 титули на турнирот во Мелбурн, а сезонава е во улога на седми носител.

- Оглас -

Најнови вести