Со пресврт од 0:2, Новак Ѓоковиќ го победи Ласло Ѓере со 3:2 во сетови и ја продолжи мисијата за освојување на Гренд слем турнирот во Њујорк. По пауза од две години Ѓоковиќ повторно е актуелен на Отвореното првенство на САД, а малку фалеше да си замине по само три кола. Сепак, популарниот Ноле успеа да се врати, а по мечот откри како успеал да се сконцентрира и мотивира за да се врати по негативата од 2:0.
По вториот сет, Ѓоковиќ замина во соблекувалната, а таму едноставно разговарал сам со себе во огледалото.
„Нема да лажам, зборував со огледалото. Се смеев на самиот себе затоа што бев многу лут поради резултатот. Едноставно морав да се принудам себе си го подигнам духот, да верувам. Ова ми се случило и порано во кариерата. Во некои случаи функционирале, во некои не, а овојпат беше успешно и благодарен сум“, рече Ѓоковиќ по победата во мечот кој траеше речиси четири часа.