Новак Ѓоковиќ кој се подготвува за настапот на првиот турнир од серијата Мастерс 1000, во Индијан Велс, САД, зборуваше и за тоа кога планира да се пензионира.
„Можеби тој момент ќе биде поблиску кога ќе престанам да освојувам гранслем-титули и кога нема да бидам меѓу главните фаворити за трофеите. Кога младите тенисери ќе почнат да „делкаат“ на терените, тогаш дефинитивно ќе почнам да размислувам дали да продолжам да играм. Засега, се е во ред“, изјави Ѓоковиќ.
Новак на американските медиуми им откри дека сега чувствува дека има поголем респект кај навивачите.
„Можеби е така затоа што Федерер и Надал не се таму. Чувствувам дека добивам поголема љубов од публиката и навистина го почитувам тоа. Поголем дел од кариерата играв во непријателска атмосфера, но научив како да напредувам. Луѓето вусшност мислат дека е подобро за мене ако навивачите не ме сакаат бидејќи тоа ме тера да го дадам најдоброто од мене.