Ѓоковиќ откри кога се враќа на теренот: Тоа ќе биде на „домашен“ терен, но таму нема многу успех

Како ретко кога, Новак Ѓоковиќ во првите три месеци од годината е без ниту еден освоен турнир. Србинот кој уште е на првото место на АТП-светската листа, беше елиминиран во раната фаза на Индијан Велс, а го откажа учеството на Мастерсот во Мајами, кој се игра во моментов.

Според планот, Ѓоковиќ веќе ги започнува подготовките за турнирите кои се играат на земјена површина, а ќе се појави на Мастерсот во Монте Карло. Интересно е дека Монте Карло е местото кое е официјално место на живеење на Ѓоковиќ, но тоа е турнир кој не му е во добро сеќавање.

Турнирот во Монте Карло е единствениот Мастерс на кој Ѓоковиќ нема барем три титули. трофеите во Монте Карло ги освојуваше само во 2013 и 2015 година. Минатата година во Монте Карло испадна во третото коло, кога загуби од Лоренцо Мусети.

- Оглас -

Најнови вести