Ѓоковиќ откри кога точно ќе го напушти тенисот

Новак Ѓоковиќ стави крај на шпекулациите за својата иднина, со тоа што објави дека ќе продолжи да игра се додека сè уште ја има страста и мотивацијата за тоа. Српската легенда се врати во Топ 3 на светската ранг-листа по исклучително силниот почеток на сезоната, кој му даде нов поттик за претстојните предизвици на турнејата.

Српскиот тенисер покажа одлична форма на Австралија Опен, каде стигна до финалето, докажувајќи дека сè уште е меѓу најдобрите во светот.

На прес-конференцијата во Индијан Велс тој се осврна на своето учество во Австралија.


„Почетокот на годината беше неверојатен. Неман играно финале на гренслем турнир уште од Вимблдон 2024 година, а потоа губев од Алкарас или Синер на сите големи турнири. Беше навистина неверојатно да го победам Јаник во пет сета во еден од најдобрите мечеви што сум ги играл во Австралија во последните години. Потоа играв уште еден возбудлив дуел со Карлос, кој едноставно беше премногу добар тој ден.“

Ѓоковиќ беше категоричен дека постигнатото на почетокот од годината му дава самодоверба за иднината.


„За мене финалето на Австралија Опен е феноменален резултат. Им докажав на сите, а пред сè на себе, дека сè уште можам да играм на највисоко ниво и да победувам со најдобрите. Со оглед на тоа, нема никаква логика да се повлечам. Ќе продолжам да играм се додека сè уште ја имам страста и мотивацијата за тоа“, додаде носителот на десет трофеи од Австралија Опен.

Во своето 17-то учество во Индијан Велс, српскиот тенисер ќе се стреми кон нов рекорд, бидејќи моментно го дели првото место по титули на турнирот со Роџер Федерер.


„Имам многу успеси во Индијан Велс. Овој турнир секогаш ми бил еден од омилените и секогаш се чувствувам одлично тука. Времето и комплексот се прекрасни, а покрај тоа сме блиску до Лос Анџелес, еден од најдобрите градови во светот. Нема потреба да зборувам за историјата и традицијата на турнирот, сите ги знаеме. Прекарот „Рај на тенисот“ е апсолутно заслужен“, сподели тој пред медиумите.

„Сè уште уживам во возбудата што ја носат мечевите. Ми се допаѓа да бидам пред публиката и да играм против најдобрите. Сè уште сум број 3 во светот, што не е воопшто лошо. Тоа значи дека моите резултати и игра сѐ уште се на највисоко ниво. Продолжувам да бидам гладен за успеси и додека тоа не се промени, ќе бидам на теренот“, заклучи легендарниот тенисер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести