Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одговори на прашањето кои му биле идоли од детството, а тој наброја тројца славни спортисти.
„Моите идоли беа Пит Сампрас, Коби Брајант и Алберто Томба – тие беа најдобри во своите спортови, а јас ги поддржував како навивач. Да не станев тенисер, што ќе правев? Обожував да играм фудбал како дете…“, откри Ѓоковиќ.
Сампрас беше рекордер по бројот на освоени гранслем-титули пред појавувањето на Роџер Федерер, малку подоцна и на Рафаел Надал и Ѓоковиќ. Кошаркарот Брајант кога загина во хеликоптерска несреќа, тоа беше голема болка и за Ѓоковиќ кој и лично се познаваше со него, а скијачот Томба беше ѕвезда која сите ја сакаа поради стилот и победите во слалом и велеслалом.

