По точно четири часа борба, Новак Ѓоковиќ покажа дека е неприкосновен на Отвореното првенство на Австралија. Србинот со 3:2 во сетови го победи Доминик Том од Австрија и стигна до осумата титула во осмото финале на првиот Гренд слем турнир во годината.
Ѓоковиќ добро го отвори мечот и поведе со 1:0 во сетови, но потоа противникот ги доби следите два сета за предност од 2:1 на Тим. Ѓоковиќ потоа побара тајм-аут, а кога се врати на теренот, ја покажа целата своја сила. Напрво израмни на 2:2 во сетови, а во решавачкиот петти сет, собра сили да направи и еден брејк, што беше доволно за да го доби последниот сет со 6:4.
Популарниот Ноле во еден момент имаше жестока расправија со публиката, а потоа и со главниот судија. И покрај тое непријатности, Ѓоковиќ собра сила и концентрација да се врати во игра и да победи.
„Ова е сјаен терен и се надевам дека сите уживаа во тениското шоу. За мене ова беше едно од најтешките филаниња во Австралија. Бев на работ на пораз, Доминик доминираше на сите делови од теренот и играше одличен меч. Мислам дека клучен беше почетокот на четвртиот сет, кога почувствував дека ми се врати силата потребна за четвртиот и петиот сет. Двајцата бевме многу уморни, но дадовме се од себе. За жал еден мора да загуби. На Домник му посакувам многу успех сезонава“, рече Ѓоковиќ, кој додаде дека е тешко да се контролираат емоциите. „Ние не сме само спортисти, туку сме и луѓе. Тешко може да се реагира, кога некои работи не може да ги контролирате. Ментално, тогаш поминувате низ вистинска психолошка битка“, објаснува Ѓоковиќ по неговите реакции кон судијата и публиката.
'Shut the f**k up!': Novak Djokovic has let rip at the #AusOpen crowd during a tense grand final against Dominic Thiem.
Watch our live coverage: https://t.co/iCFHrop3F1 via @newscomauHQ pic.twitter.com/a6a2Iz7tY0
— Christine Vanden Byllaardt (@cvbyllaardt) February 2, 2020