27.8 C
Skopje
понеделник, 1 септември 2025

Ѓоковиќ откри кој е неговиот сон

Новак Ѓоковиќ се пласира во четвртфиналето од Отвореното првенство на САД во Њујорк и сега е на три меча од освојувањето на рекордната 25-та гранслем-титула. Сепак, тие три меча ќе бидат и огромен предизвик затоа што во завршницата остануваат најдобрите тенисери.

Српскиот тенисер откри дека тоа е неговиот сон, да стигне до 25-тата титула на најсилните четири турнири во светот.

„Уште долг пат има до освојувањето на титулата. Во последните неколку години научив дека мора да одам натпревар по натпревар. Секако дека сонувам за освојување на уште една гранслем-титула. Ќе биде неверојатно ако успеам тоа да го направам тука. Сепак, не можам да размислувам за титулата, тоа е нешто што е многу далеку. Сега треба да се фокусирам на следниот меч, следниот предизвик. Последниот гранслем што го имам освоено беше токму тука, пред две години и ќе биде убаво ако повторно го затвориме кругот тука“, вели Ѓоковиќ.

Следниот противник на Ѓоковиќ ќе биде Тејлор Фриц од САД. Новак против Фриц има одиграно девет меча досега и секогаш победувал.

- Оглас -

Најнови вести