Ѓоковиќ откри кој ќе плаче на неговото заминување во пензија

Новак Ѓоковиќ со победата над Марин Чилиќ во два сета (6-3,6-4) ја освои титулата на турнирот во Тел Авив и за израелските медиуми зборуваше за неговото пензионирање.

Новак на медиумите им откри дека се чувствува одлично и дека сè уште не размислува за пензија, но и која личност ќе плаче, кога тој ќе се повлече од тенисот.

Мајка ми, сигурно“, изјави Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер минатиот месец беше дел од спектаклот во Лондон, каде што Роџер Федерер на Лејвер купот го одигра последниот професионален меч и замина во пензија.

„Не сум блиску до пензија и не сакам премногу да размислувам на таа тема. Роџер имаше преубаво заминување во пензија на Лејвер купот во Лондон. Сите бевме таму, заедно со неговото семејство за да се простиме од Роџер. Мислам дека тоа го заслужи и целиот настан беше специјален за него. И јас сакам моите големи ривали да дојдат на моето простување од тенисот“, рече Новак.

- Оглас -

Најнови вести