27.8 C
Skopje
понеделник, 1 септември 2025

Ѓоковиќ откри зошто ги искрши рекетот и каде најмногу згреши

Новак Ѓоковиќ не успеа да стигне до осмата титула на Вимблдон откако во финалето кое траеше повеќе од четири и пол часа, со 3:2 во сетови загуби од Карлос Алкарас. Во решавачкиот петти сет, Ѓоковиќ имаше брејк топка за да поведе со 2:0 во гејмови, но не ја искористи, па потоа Алкарас направи брејк и тоа беше доволно за Шпанецот да стигне до првата титула на овој престижен гренд слем турнир.

Во клучните моменти, Ѓоковиќ не успеа да освои еден поен, па Србинот нервозно го скрши рекетот.

„Нема што многу да се зборува за тој момент. Фрустрацијата дојде поради пропуштената можност. Тоа беа тешки поени. Тоа е фрустрација во моментот. Немам многу што да додадам за тоа“, рече Ѓоковиќ за моментот по кој го искрши рекетот, а потоа даде и анализа за тоа каде потфрлил.

https://twitter.com/i/status/1680631080234409986

„Бекхендот ме изневери. Не смеев да пропуштам неколку шанси. На 6:6 во тајбрејкот промашив чист бекхенд. Во третиот сет не бев на нивото за финале, но потоа се вратив. Почувствував дека е мое време во четвртиот сет. Повторно го подигнав нивото на игра, но потоа промашив волеј. Клучно беше кога загубив на мој сервис, имав неколку шанси, но Карлос добро се бранеше и заслужено победи“, анализираше Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести