Ѓоковиќ: Ова е мојот најголем спортски успех, освоив злато за Србија

Најдобриот тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ успеа да ја комплетира блескавата кариера и со златниот медал на Летните олимписките игри во Париз.


Тој во финалето славеше против Шпанецот Карлос Алкараз со 2-0 во сетови, откако двапати стигна до 7-6 во двата тај-брејка.

„Во шок сум и под емоции. Длабоко во себе верував дека можам, секако дека сакав да освојам злато за мојата Србија. Ова е мојот најголем спортски успех“, изјави Ѓоковиќ по триумфот на олимпискиот тениски турнир.

- Оглас -

Најнови вести