Откако ѝ донесе победа на Србија против Велика Британија во мечот од Дејвис купот во шпанскиот град Малага, најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, влезе во конфликт со британските фанови, а изјави и дека првпат во кариерата му се случува да му прават допинг-тест на еден и пол час пред натпревар.
„Научете се да ги почитувате играчите. Треба да бидете тивки. Догледање, ајде одете дома, време е за спиење“, им се обрати на фановите кои го исвиркуваа додека даваше изјава на теренот.
Но, она што повеќе го налутило Ѓоковиќ, е допинг-контролата непосредно пред мечот со Камерон Нори.
„Не можев да верувам дека донесоа таква одлука. За 20 и нешто години кариера, никогаш ми се немаше случено на еден и пол час пред меч да морам да одам на допинг-контрола. Наместо да се подготвувам за настап, си имам рутина пред секој меч, јас правев тест и морав да мислам дали ќе може да дадам урина, а допрва треба да давам и крв. Луѓето од антидопинг-агенцијата не сакале да седат до доцна, тоа е една од причините што ме тестираа пред мечот. Не е проблем да се тестирам за допинг, но не пред меч. Кога ќе завршам, дојдете, тестирајте ме, не вака, срамно е“, кажа Ѓоковиќ.