23.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Ѓоковиќ пет години чекаше на оваа победа, се намачи, но на крајот се радуваше

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ со победа стартуваше на Мастерс турнирот во Индијан Велс откако со 2:1 во сетови беше подобар од Александар Вукиќ. Во првиот меѓусебен дуел на овие два тенисери, Ѓоковиќ беше подобар со 6:2, 5:7, 6:3, а пресметката траеше два часа и 12 минути.

Ова беше прв меч за Ѓоковиќ на Индијан Велс по пауза од пет години. Последен пат тој тука играше во 2019 година. Потоа следуваше паузата поради Коронавирусот, а Ѓоковиќ и по завршување на пандемијата имаше период кога не смееше да влезе во САД затоа што не беше вакцниран.

Ноле кој пет пати го има освојувано овој турнир, во првото коло беше слободен, а против Вукиќ лесно го доби првиот сет, за сепак во вториот да биде изненаден и го загуби со 5:7.

https://twitter.com/i/status/1766629853707829267

Сепак, кога беше најпотребно, Ѓоковиќ беше одличен во решавачкиот трет сет и не дозволи изненадување. За Србинот ова беше 1.310 меч на АТП ниво и се израмни со Иван Лендл, кој се натпреваруваше од 1978 до 1994 година. Пред нив двајца се само рекордерот Џими Конорс со 1.557 мечеви и второпласираниот на оваа вечна листа, Роџер Федерер со 1.526 настапи.

Во мечевите кои се одиграа ноќеска:

- Оглас -

Најнови вести