Тејлор Фриц од САД го освои третото место на турнирот „Шест крала“ во Ријад, Саудиска Арабија, откако Новак Ѓоковиќ го предаде мечот по завршувањето на првиот сет.
Американецот успеа да дојде до водство од 1-0, откако беше подобар во тај-брејкот од Србинот. Ниту еден од тенисерите не успеа да направи брејк, па Фриц со 7-4 славеше на поени.
Сепак, на големо изненадување, Новак Ѓоковиќ одлучи да се повлече и да го предаде мечот за третото место. Најверојатно се работеше за исцрпеност кај Србинот, можеби и за болки на некоја стара повреда.