Ѓоковиќ по кратка постапка го реши Карбалјес Баена во првото коло на Отвореното првенство на Австралија (Видео)

Роберто Карбалјес Баена ја имаше таа несреќа при ждрепката во првото коло да мора да игра против Новак Ѓоковиќ, кој по ланските случувања, годинава е екстра мотивиран по рекорден десетти пат во кариерата да го освои Отвореното првенство на Австралија.

Србинот го совлада Шпанецот со 6-3, 6-4, 6-0, а со овации беше и примен и испратен од публиката, во која имаше и многу негови сонародници. За 35-годишниот Ѓоковиќ ова е 35-та победа по ред во Мелбурн.

Во второто коло, Ѓоковиќ треба да игра со Куако од Франција или Делиен од Боливија, тенисери кои не се меѓу првите 100 на АТП-листата.

https://twitter.com/i/status/1615312509044400129

- Оглас -

Најнови вести