Ѓоковиќ победи без проблеми, но тоа не му е последен меч во 2023 година

Новак Ѓоковиќ победи со 6-3, 6-2 против Џиџен Џанг за водство на Србија против Кина од 1-0 во дуел од Јунајтед купот кое е репрезентативно тениско натпреварување за мажи и жени.

Најдобриот светски тенисер немаше проблеми со Кинезот кој е 58-ми на АТП листата, па ги израдува бројните српски фанови кои беа присутни на трибините во австралискиот град Перт.

Сега на ред е дуелот во женска конкуренција, каде Кинвен Џенг е голема фаворитка против Олга Даниловиќ. Ако триумфира кинеската тенисерка, тогаш за победникот на дуелот Србија – Кина ќе одлучува пресметката во мешани двојки, а најавите се дека паровите ќе бидат Ѓоковиќ/Даниловиќ против Џенг и Џанг.

- Оглас -

Најнови вести