Новак Ѓоковиќ се пласира во третото коло на Мастерс турнирот во Монте Карло откако со 2:0 во сетови го победи Иван Гахов. Рускиот тенисер во првиот сет даде голем отпор кога се играше тајбрејк, но Ѓоковиќ не дозволи изненадување и го доби сетот со 7:5 во тајбрејкот.
На почетокот на вториот сет, Гахов го доби првиот гејм на свој сервис, а Ноле се налути по еден загубен поен, односно одлично одигран удар на Гахов кој е на 198-мото место на светската АТП-листа.
„Сите против мене играат подобро“, нервозно искоментира Ѓоковиќ, а потоа своја реакција даде и коментаторот: „Повторно теорија на заговор која може да ја слушнеме од Ѓоковиќ. Неверојатно. Како играчот од другата страна да нема право да добие винер или да одигра добар меч“.
Во вториот сет Ѓоковиќ заигра многу подобро и на крајот лесно го доби за 2:0 и пласман во следната фаза. Реакцијата на Ѓоковиќ може да ја видите ТУКА.