Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло од Гренд слем турнирот во Париз, откако со 3:0 во сетови го победи Александар Ковачевиќ до САД. Српскиот тенисер одлично го почна мечот и во првиот сет доволно му беше да направи еден брејк за да го добие првиот сет со 6:3.
Во вториот сет, Ѓоковиќ беше уште поубедлив. Освен гејмовите освоени на негов сервис, Ноле направи и два брејка, па лесно стигна до 5:1, а сетот го доби со 6:2.
https://twitter.com/i/status/1663181814469369858
Во третиот сет ситуацијата беше поинаква, иако Ѓоковиќ веднаш направи брејк и поведе со 2:0. Ковачевиќ не се предаде и стигна до 3:3, а потоа фаворитот повторно направи брејк и поведе со 5:3. При резултат 5:4, Ѓоковиќ сервираше за конечен триумоф, но изненадувачки, Американецот направи брејк, за продолжување на неизвесноста.
Во тајбрејкот, Ѓоковиќ не дозволи изненадување. Поведе со 3:0 и потоа рутински ја задржа предноста до крајот, за победа од 7:3 во тајбрејкот и конечни 3:0 во сетови, во меч кој траеше два и пол часа.
Во досега завршените денешни мечеви постигнати се следните резултати: