Ѓоковиќ победи во првиот меч на Индијан Велс, но знае дека веќе вакво нешто не смее да му се повтори

Откако беше слободен во првото коло, Новак Ѓоковиќ славеше во второто коло на Индијан Велс против Полјакот Камил Мајхшак со 2:1 во сетови. Почетокот на мечот воопшто не беше според планот на Ѓоковиќ. Противникот уште во првиот гем му направи брејк и потоа до крајот успешно ја сочува таа предност за да го добие првиот сет со 6:4. Едноставно Ѓоковиќ воопшто не очекуваше дека ќе има таков почеток на Индијан Велс, но за негова среќа, брзо се врати во ритам.

Српскиот тенисер во вториот сет покажа моќ и класа, па противнокот едноставно не можеше да го следи неговиот ритам. Ѓоковиќ го доби вториот сет со убедливи 6:1. Во третиот сет при резултат 2:2 во гемови, по голема борба Ѓоковиќ успеа да направи брејк и едноставно да го скрши отпорот на противникот. По тој освоен гем, Ѓоковиќ издоминира до крајот и го доби сетот со 6:2, што значеше и крај за 57-мо рангираниот тенисер на АТП листата.

„Беше доста предизвикувачки, како и секогаш во Индијан Велс. Чекав долго време за да ја пронајдам мојата најдобра игра. Камил играше одлично, тој е солиден играч. Можеби нема моќ во своите удари, но ги игра по правила. Одигра одличен прв сет, а јас се прегрупирав во вториот. Публиката беше одлична“, рече Ѓоковиќ по мечот.

Без проблеми во следната рунда продолжија и фаворитите Карлос Алкарас, Јаник Синер, Фриц, Бублик, Медведев, Нори и Де Минаур.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести