16.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Ѓоковиќ почувствувал нешто чудно на терените на Ролан Гарос

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ денеска во Париз ќе стартува во првото коло на Ролан Гарос. Србинот секогаш атакува на титулите на големите гренслем-турнири, но кога се работи за Ролан Гарос, јасно е дека секогаш Рафаел Надал е главен фаворит. Ѓоковиќ вели дека најважно му е да започне сигурно и да игра во ист ритам како на турнирите во Рим и Белград.

„Ги гледав по малку мечевите на Циципас, Тим и Зверев. Сите имаа проблеми. Тим загуби, Зверев направи пресврт по 0:2 во сетови, а Циципас се мачеше во првиот сет. Така е секогаш на големите турнири кога очекувањата се големи, се создава поголем притисок и не е лесно да се започне со сигурна игра. Јас се надевам дека ќе одиграм како во Рим и Белград. Ќе се трудам да продолжам во тој ритам“, анализира Ѓоковиќ.

Србинот потенцираше дека за време на тренинзите забележал дека подлогата е полизгава од претходните години.

„На теренот на којшто тренирав подлогата беше полизгава од вообичаеното. Тоа го забележа и Троицки, со кого трениравме. Нешто се има сменето, сега е полизгаво“, додава Ѓоковиќ, кој во првото коло ќе игра против Тенис Сандгрен од САД. Сандгрен досега трипати играл против Ѓоковиќ и трипати бил поразен.

 

- Оглас -

Најнови вести