Повредата е минато: Ѓоковиќ доминираше и лесно го помина првото коло на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми се пласира во второто коло на Вимблдон откако со 3:0 во сетови го победи Вит Коприва од Чешка. Малку повеќе од два часа траеше мечот по кој популарниот Ноле покажа дека е подготвен да се врати меѓу најдобрите, и тоа само по еден месец откако имаше операција на коленото по повредата здобиена на Ролан Гарос.

Фуриозно започна Србинот во првиот сет и само по 34 минути игра стигна до 6:1 во гемови за водство од 1:0. Ништо поразлична не беше ситуацијата и во вториот сет, но овојат Коприва освои два гема, но повторно убедливо го загуби сетот со 2:6. За доминацијата на Ѓоковиќ посебно на негов сервис во првите два сета говори и фактот дека Србинот загуби само четири поени.

Коприва, кој е на 123-тото место на АТП-листата, немаше шанси ниту во третиот сет, па фаворитот го доби сетот со 6:2 што значеше и крај на дуелот.

„Многу сум задоволен како се чувствував на теренот. Едно е тренинзи, а друго е официјален меч. Им благодарам на сите што ми дадоа поддршка“, беше првата реакција на Ѓоковиќ по победата над Коприва.

Првото коло денеска го поминаа и Нишикори, Дардери, Де Минаур, Ечевери, Хуркач, Мусери, Мунар, Попирин,Шелтон, Зверев…

- Оглас -

Најнови вести