15.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Ѓоковиќ покажа кошаркарски вештини, па доби пофалби и понуда од Андреј Кириленко (Видео)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вечерва околу полноќ треба да го започне своето полуфинале на Мастерсот во Синсинати против Александер Зверев, а слободното време го искористи да се релаксира играјќи кошарка со Андреј Рубљов.

„Малку утринска кошарка со Андреј Рубљов. Андреј Кириленко, што мислиш за нашите вештини? – напиша Ноле на Инстаграм.

На видеото се гледа како Србинот погодува тројки, а брзо дојде и одговорот од некогашната голема ѕвезда на руската кошарка, Кириленко, кој сега е претседател на кошаркарската федерација на Русија.

„Му напишав на Ѓоковиќ дека на мојот тим на ветерани му треба еден плејмејкер, и дека го чекаме да ни се придружи. Доста ги понижуваш младите тенисери“ – изјави Кириленко.

- Оглас -

Најнови вести