Ѓоковиќ гази во Рим, загарантирано е број 1 на АТП листата до крајот на „Ролан Гарос“

Новак Ѓоковиќ со 7-5, 7-6 го победи Феликс Оже Алиасим во четвртфиналето на Мастерсот во Рим, но овој триумф е многу позначаен за Србинот од само обичен пласман во полуфинале.

Новак си обезбеди уште неколку недели на првото место на АТП листата, останува лидер најмалку до завршувањето на „Ролан Гарос“ на 5 јуни. Ако загубеше вечерва од Канаѓанецот, од понеделник ќе беше втор на светската ранг листа.

Во полуфиналето, Ѓоковиќ ќе игра со Каспер Руд, кој во два сета беше подобар од Денис Шаповалов.

- Оглас -

Најнови вести