Ѓоковиќ помалку се мачеше за четвртфинале, следен е Штруф

Новак Ѓоковиќ е четвртфиналист на АТП Синсинати Мастерсот по победата од 2-0 (6-2, 6-4) во сетови над Тенис Сандгрен.

Првиот светски рекет го реши Америкенецот за околу час и половина, но на крајот Србинот мораше да се помачи откако Сандгрен спаси пет меч-топки и му намали на 5-4 во вториот сет.

Тоа му даде прилика на Ѓоковиќ да сервира за победа, а ја обезбеди без загубен поен во решавачкиот гем. Фаворитот на овој турнир во четвртфиналето ќе се сретне со Жан-Ленард Штруф, кој претхдно го совлада Гофан со 2-1 во сетови.

Во топ-8 фазата се пласираа и Данил Медведев, како и Баутиста-Агут, кој беше подобар Хачанов со 2-1.

- Оглас -

Најнови вести