18.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Ѓоковиќ посака децата да ги крштева во Косово, па доби одговор од косовски министер

Новак Ѓоковиќ во интервју за италијански медиум рече дека сака синот Стефан и ќерката Тара да ги крштева во црква на Косово.

„Сакам со сопругата да се вратам на Косово и таму да ги крстиме децата. Стефан има 8 години, Тара пет. Знам дека тоа е деликатно прашање, судирот уште е присутен, иако не е вооружен, но има тензии. Не сакам да влегувам во политика, но за секој Србин, Косово е во срцето, таму е центарот на нашата култура, идентитет, традиција и вера“, раскажа Ѓоковиќ за „Кориере“.

Таткото на Новак е роден во Митровица на Косово.

Министерот за култура, млади и спорт на Косово, Хајрула Чеку, имаше реакција на ваквата изјава на тениската мегаѕвезда.

„Нема вакцина, нема влез“, напиша Чеку.

- Оглас -

Најнови вести