28.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Ѓоковиќ посакува простување од тенисот какво што имаше Федерер

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ сака неговите најголеми ривали да бидат до него кога ќе ја заврши кариерата, исто како што беше на емотивното збогување на Роџер Федерер минатата недела.

„Тоа беше многу трогателен, емоционален момент. Гледајќи ги таму неговите деца и семејството, си реков како ќе биде јас кога ќе се збогувам со тенисот. Би сакал тогаш покрај мене да бидат семејството, најблиските, но и сите мои најлути ривали, тоа би дало поголемо значење на моментот“, изјави Ѓоковиќ, кој е во Тел Авив и ќе игра на турнир од ATП 250 серијата.

Србинот има 35 години, а за свој најголем ривал го смета Рафаел Надал.

„Јас и Рафа еден против друг имаме играно повеќе од кои било други двајца тенисери во историјата. Ривалството ни е посебно и уште трае. Се надевам дека ќе имаме прилика уште многупати да играме еден против друг. Тоа е добро и за нас и за гледачите“, вели Ноле.

- Оглас -

Најнови вести