Новак Ѓоковиќ изминативе недели е тема на светската спортска, па и поширока јавност.
Сите сме добро запознаени со тоа што се случуваше во Австралија и конечниот исход од сето тоа, но, денеска од Дандка дојде информација која што практично зачуди многумина.
Новак и неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ поседуваат 80% од данската компанија „КванБиоРез“, која што развива лек против коронавирусот.
Ваквата информација ја кажа шефот на компанијата, Иван Лончаревиќ.
„Новак и неговата сопруга поседуваат 80 проценти акции во оваа компанија. Ние веќе одреден период се обидуваме да пронајдеме лек против Ковид-19 со кој што значително би се олеснил третманот на пациентите“ изјави Лончаревиќ.