15.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Ѓоковиќ по две години првпат стапна на „Артур Еш“ во Њујорк, пречекан со овации (Видео)

Најуспешниот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, по пауза од две години, денеска за првпат стапна и тренираше на „Артур Еш“, најголемиот тениски стадион на светот.

На Ѓоковиќ лани не му беше дозволено да игра на Отвореното првенство на САД затоа што не е вакциниран против ковид-19, а преклани на овој гренслем стигна до финалето и загуби од Данил Медведев.

Публиката му приреди топол пречек, а пред тренингот со спаринг-партнерот Чарли Гомес Ерера, Новак даваше автограми. Последната титула на Ѓоковиќ на терените на „Флашинг Медоуз“ во Њујорк беше во 2018 година.

https://twitter.com/i/status/1694417034740723870

- Оглас -

Најнови вести