Ѓоковиќ после третиот пораз во низа: „Ова е мојата реалност во моментов“

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, уште еднаш ги разочара многубројните фанови, откако го загуби и третиот меч во низа, овој пат од 44-тиот тенисер во светот на стартот од турнирот во Мадрид.

„Се надевав дека можам да одиграм барем еден меч повеќе за разлика од турнирот во Монте Карло. Ова е мојата реалност, морам тоа да го кажам. Да победам еден или два меча, а да не размислувам дека ќе дојдам до завршницата. Ова е целосно ново чувство во однос на она што го имав во претходните 20-тина години професионална кариера. Тешко е, ова е голем психички предизвик за мене. Тоа е кругот на животот. Мораше и ова да се случи. Сега се обидувам да го користам како сила за да продолжам понатаму. Секако, за мене се најважни Гренд слен турнирите, но тоа не значи дека не сакам да победувам и тука.“ – рече Ѓоковиќ после поразот од италијанскиот тенисер, Матео Арналди.

- Оглас -

Најнови вести