7.9 C
Skopje
среда, 7 јануари 2026

Ѓоковиќ постави нов рекорд, стигна до магичната 1.000-ка

Со објавувањето на најновата АТП листа, од денеска и официјално најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, постави еден неверојатен рекорд, дури 1.000 недели по ред е меѓу првите 50 на рангирањето.

Поминаа речиси 20 години, поточно во јуни 2006 година беше последен пат кога српскиот ас не беше меѓу првите 50. Откако влезе, веќе не излегува две веќе две децении. 

Во 2026 година Новак може да се изедначи со Роџер Федерер по број на освоени турнири, му требаат две титули за тоа. Федерер е втор на вечната листа со 103 трофеи, а прв е Џими Конорс со 109.

Ако го освои Отвореното првенство на Австралија, Новак ќе го изедначи рекордот на Маргарет Корт која има 11 титули во Мелбурн, а тој би имал 25 гренслема што би било апсолутен рекорд во машка или женска конкуренција. Доколку успее да освои некој гренслем, ќе стане најстариот во историјата што го сторил тоа.

- Оглас -

Најнови вести