20.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Ѓоковиќ порача: Повторно би ја напишал истата порака „Косово е срцето на Србија“

Новак Ѓоковиќ без многу проблеми се пласира во второто коло од Ролан Гарос, а по завршувањето на мечот, Србинот повторно направи потег кој многумина го протолкуваа како скандалозен.

По пласманот во второто коло, Ѓоковиќ напиша порака на камерата, а пораката гласеше: „Косово е срцето на Србија! Стоп за насилството“. Потоа следуваа многу реакции, а Ѓоковиќ изјави дека без двоумење повторно би ја испратил истата порака.

„Не сум политичар и немам намера да влегувам во политичка дебата. Тоа е чувствителна тема и секако дека многу ме боли за тоа што се случува на Косово. Нашите луѓе се избркани од општините. Најмалку што можам да направам е ова. Како јавна личност, чувствувам одговорност. Како син на човек кој е роден на Косово, чувствувам дополнителна одговорност со искажување подршка на народот во Србија. Не се знае каква е иднината на српскиот народ на Косово и затоа многу е важно да се покаже сплотеност во вакви ситуации. Не знам што ќе биде. Не знам дали ќе ме казнат, но без дилема повторно би ја испратил таа порака. Јас секогаш сум бил против војните и насилството и секогаш тоа јавно го истакнувам“, објасни Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести