Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, уште еднаш ги разочара своите фанови, откако стана јасно дека нема да настапи на уште еден турнир. Србинот сакаше да одмори после Вимблдон и не беше дел од Мастерсот во Торонто, но сега нема да настапи ниту во Синсинати, турнир кој се игра како подготовка за САД опен.
Токму Отвореното првенство на САД се очекуав да биде турнирот на кој Ѓоковиќ повторно ќе игра и ќе се обиде да дојде до нов трофеј од грен-слем турнирите.
На турнирот во Синсинати потврдено е дека нема да настапат ниту Ѓере и Корда, а Ѓоковиќ овој турнир го освојуваше трипати во својата кариера.