Ѓоковиќ правеше „стриптиз“ пред Бугарките во Софија, потоа имаше шоу и во ноќен клуб (Видео)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ реши да не учествува на Лејвер купот во Берлин, туку да биде дел од егзибицискиот меч во Софија против неговиот добар пријател Григор Димитров. Ѓоковиќ загуби на тој меч (6:4, 2:6, 10:6), но резултатот беше во втор план откако двајцата тенисери решија да приредат шоу пред гледачите.

Во текот на целиот меч, двајцата тенисери се „закачаа“, пееја песни, а во еден момент Ѓоковиќ реши да направи „стриптиз“ шоу. Србинот почна да ја соблекува маицата и да игра пред публиката, а посебно навивачките беа задоволни од ова шоу.

Откако заврши перформансот на Ѓоковиќ, на ред беше Димитров да покаже дел од својата точка, а гледачите на трибините во Софија се забавуваа и уживаа.

Забавта на Ѓоковиќ продолжи во ноќен клуб, каде што уживаше во неговите омилени хитови, па дури и самиот го зеде микрофонот за да пее, а во еден момент удираше и на тапани.

https://twitter.com/i/status/1836254349602754758

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести