Ѓоковиќ пред четвртфиналето против Зверев: „Знам што треба да направам за да победам!“

Новак Ѓоковиќ и Александер Зверев ќе играат во четвртфиналето од Ронал Гарос вечерва во 20:15 часот, а Србинот веќе го најави овој дуел, но и кажа дека знае што треба да направи за да победи.

„Зверев веќе долги години е еден од најдобрите играчи на Ролан Гарос кога станува збор за резултати и нивото на игра. Минатата година играше финале, има и полуфиналиња зад себе и е еден од најконзистентните играчи тука. Последен пат во четвртфинале на Ролан Гарос игравме пред шест години и оттогаш многу работи се променија. Напредуваше во својата игра, знаеме дека неговиот сервис е продорен и исклучително оружје. Не само што е силен, туку е и прецизен и со висок процент на успешност, што му го олеснува животот на теренот бидејќи добива лесни поени. Се брани добро за својата висина, напредуваше и во позиционирањето на теренот, повеќе напаѓа и со форхендот создава повеќе шанси за себе. Без да откривам премногу тактика и детали, знам што треба да направам. Очекував дека ќе се сретнеме во четвртфиналето и мислам дека ќе биде квалитетен меч. Знам што треба да направам, еден од клучевите ќе биде да му вратам што е можно повеќе сервиси, да не му дозволам да освојува лесни поени. Мора да играм како досега, па дури и подобро ако сакам да излезам како победник“, рече Новак Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести