Новак Ѓоковиќ и Малек Џазири играа еден против друг на 24 февруари 2016 година во Дубаи, а точно четири години подоцна, историјата се повторува, Србинот пак на 24 февруари во Дубаи игра со тунискиот тенисер, но сега во првото коло, додека претходната битка им беше во второто.
Србинот од таа 2016 нема играно на турнирот во Дубаи, а од 2013 не го освоил, па може да собере 500 поени со кои би ја зголемил предноста на првото место на АТП-листата. Ова му е прв настап по победата на Отвореното првенство на Австралијан. Џазири традиционално нема среќа во ждрепката за турнирот во Дубаи, секогаш во рана фаза налетува на Федерер, Ѓоковиќ, Мареј или Димитров.
„Со Малек добро се согласуваме, фино момче е, често тренираме заедно. Несреќа е за него, чудно е ова што му се случува на ждрепката, но тој е искусен играч, со години е на АТП-турнирите“, рече Ѓоковиќ.